Пред почетокот на учебната година, со средства од Општина Битола, се работи на последните активности за санација на покривните конструкции во две битолски училишта.Средното општинско медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“, доби нова покривна конструкција во делот на санитарниот чвор на вториот кат во училиштето. Таваните кои речиси не беа употребливи и претставуваа опасност за учениците, се заменуваат со нови, со што, по подолго време, на учениците во ова средно училиште кои учат на вториот кат, ќе им се овозможи да ги користат тоалетите на сопствениот кат. На овој начин, се надминува уште еден горлив долгогодишен проблем во ова училиште, особено за учениците, затоа што се оптоваруваа тоалетите на останатите катови. Општина Битола, за реконструкција на таванскиот дел за ова училиште одвои над 37.000 денари.
Во подрачното основно училиште во Горно Оризари, кое е под надлежност на основното училиште „Тодор Ангелевски“, исто така се работи на реконструкција на таванскиот дел во една од училниците, а дополнително ќе се санираат и ѕидовите. По туркањето на таванската конструкција, со средства од Општина Битола се работи на санирање на таванот, а вклучително со интервенциите на ѕидовите, сумата одвоена за ова училиште изнесува над 100.000 денари.
Со средства на Општината обновени покривни контрукции во две училишта
More from ВестиMore posts in Вести »
- Камерниот оркестар на Битола преку “Македонски Вруток“ ги изведе делата на великаните на македонската музика (фотогалерија)
- СВР Битола: во дуќан со закана одземен мобилен телефон , син нападнал мајка и татко, физички напад на колешка во средно училиште, физички напад кај Саат кулата
- Во Битола променливо облачно, со повремени врнежи од дожд
- Денес бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите
- СВР Битола: 63 годишен битолчанец со воздушна пушка од балкон на Широк Сокак пукал во куче скитник