Првиот меморијален ракометен турнир “Боро Чурлевски“ започна во спортската сала која го носи неговото име со едноминутно молчење во знак на почит на ракометарот кој потекна од школата на Пелистер, по што следуваше голем аплауз од неколку илјадната публика.Претходно претседателот на ракометниот клуб, Пелистер, Васко Ковачевски официјално го повлече дресот со број четири на легендарниот Боро Чурлевски. Ковачевски зелената „четворка“ ја предаде на семејството, а огромен дрес со името на Боро Чурлевски ќе стои над семафорот во спортската сала „Боро Чулевски“.
Потоа градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, го прогласи турнирот за отворен, а при обраќањето рече дека Битола останува град на спортот, град на ракометот.
На трибините беше и претставникот на канцеларијата за врски на Репубика Грција во Македонија.
На трибините на првиот ден од турнирот беа присутни “Чкембарите“, голем број на поранешни ракометри, а свое шоу имаа и младите ракометари од школата на Пелистер под раководство на Кире Поповски и Игор Николовски.

Градоначалничката Петровска го отвори турнирот, Ковачевски го повлече дресот на Чурлевски (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: настан и марш против врсничкото насилство на “Магнолија“ во Битола (фото)
- “Магнолија“ ја “запалија“, кортео по Широк Сокак, моќно навивање во сала… “Чкембари“ Битола го прославија 38. роденден (видео + мега фото галерија)
- Деновиве пред 10 години: Сојузот на спортови на Битола домаќин на трката “Низ Македонија“ (фото)
- ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
- Фото вест: мурал посветен на Борисав Траиковски на ѕид на СОУ “Таки Даскало“ во Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Марјан Илиевски се повлече, нов тренер на КК Пелистер Битола, Дарко Радуловиќ нов тренер
- “Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
- Пливачите на Олимпик од Битола учествуваа намеѓународниот пливачки митинг “Орион Куп мини“ во СкопјеПливачите на Олимпик од Битола учествуваа намеѓународниот пливачки митинг “Орион Куп мини“ во Скопје
- Васко Мамучевски апсолутен победник на “Паљо Класик Опен“, Мери Акиевска победник во женска конкуренција во Битола (мегафотогалерија)
- Тимот на X-fit Bitola од Битола прв во екипна конкуренција на мешан штафетен маратон “WizzAir-Скопје“