Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер на стартот на турнирот од грчки Олимпијакос (фотогалерија)

Пелистер – Олимпијакос  27:31 (15:15)

Во првиот натпревар од втората група на меморијалниот ракометен турнир “Боро Чурлевски“, екипата на Пелистер е поразена од грчки Олимпијакос со резултат 27:31, откако на полувреме одиграа нерешено 15:15.Ракометарите на Пелистер добро го започнаа натпреварот и направија разлика од 2-3 гола, која ја одржуваа до десетина минути пред одморот. Потоа следуваше подобра игра на гостите, кои стигнаа до израмнување на 11:11, а со реми 15:15 заминаа на одмор, откако погодува неизменично двата напади.Првите минути во второто полувреме повторно беа во знак на “пелистерци“ кои успеаја да дојдат до највисоки + 4 гола. Потоа грците повторно намалија на само гол предност за Пелистер 20:19, а потоа дојдоа тие во водство од +1 (22:23).Последните десетина минути му припаднаа на ракометарите на Олимпијакос, кој не само што го контролираа водството туку и стигнаа до +4 на крајот (27:31).Наефикасен во дресот на Пелистер беше Лековиќ кој спостигна 9 гола, кај гостите Цирас со 12 гола. Во првиот денешен натпревар Бутел од Скопје, загуби од финскиот учесник во Лигата на шампионите, тимот на Кокс со 22:28.Утре на турнирот се играат натпреварите од второто коло, а се среќаваат: Кокс – Селкаспор (17,30) и Пелистер – Шербург (19,30).

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »