Пелистер – Шербург 29:34 (16:17)
Иако почетокот на натпреварот ветуваше друго, сепак ракометарите на Пелистер и во вториот натпревар на турнирот “Боро Чурлевски“ се поразени, овој пат од екипата на Шербург, а по овој пораз ќе играат за пласман на петтото место во разигрувањето.
Отворањето на натправарот беше во знак на домаќините, а некаде кон средината на првото полувреме гостите од Франција дојдоа до израмнување и водство од 8:9. Потоа до крајот на првиот дел се играше изедначено и со таков резултат се замина на полувреме 16:17, по голот кој беше постигнат во последниот момент.Второто полувреме продолжи со тој ритам гол за гол на двете страни, некаде во средината на полувремето французите ја направија недостижната разлика за Пелистер од +4. “Пелистерци“ се вратија на -2, но само на кратко зза потоа да се дојде до крајниот резултат 29:34.
Најефикасен во тимот на Пелистер Чантурија со постигнати шест, а Лековиќ и Поповиќ по пет гола, а кај гостите Бордие со девет.Во салата “Боро Чурлевски“ вечерва имаше околу 1.000 гледачи, а натпреварот го судеа браќата Методија и Михајло Илиевски од Битола.
Утре се среќаваат Бутел – Селкаспор и Шербург – Олимпијакос, а Пелистер е слободен.