Press "Enter" to skip to content

Со крводарителска акција заврши неделата на РЕК “Битола“ (фото)

Со одржување на голема крводарителска акција во просториите на Управната зграда на РЕК “Битола“ заврши серијата настани по повод Денот на рударите, на АД “ЕЛЕМ“ во Подружницата РЕК “Битола“.Акцијата за доброволно дарување на крв беше во соработка со Одделението за трансфузиологија при Клиничката болница во Битола и ОО на Црвен крст Битола.Како истакнаа организаторите на акцијата во РЕК “Битола“ се одржуваат секоја година по 8 крводарителски акции, а оваа по повод Денот на рударите или како ја нарекоа Недела на РЕК “Битола“ е вонредна и ќе биде 9. по ред за оваа година. Бидејќи вработените во РЕК “Битола“ се едни од најредовните крводарители и се најбројни во акцијата која се уште е  во тек се очекува да бидат собрани голем број на крвни единици.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *