Директорот на фабриката за опрема и делови – ФОД, Методија Тасевски, денес го посети ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола каде екипите на ФОД ги монтираа влезните врати во дворот на училиштето, кои ќе продонесат за поголема безбедност на учениците во школската година која е на прагот.Директорот на ФОД, Методија Тасевски, за оваа донација рече:
-Вработените на ФОД ДОЕЛ Новаци, преку оваа донација ја изразија поддршката кон ОУ “Св. Климент Охридски“ и ја продолжуваат соработката која сме ја имале претходно и која ќе следи понатаму. Оваа донација е со цел како општествено одговорна компанија да помогнеме во рамките на нашите можности за подобрување на условте во основното и средното образование во Битола. По барање на директорката на ОУ “Св. Климент Охридски“ донирани се влезни врати кои се изработени во ФОД и денес веќе се монтираат се со цел да зголеми безбеноста на учениците, кој додаде и дека, како што се гледа во дворот на училиштето ФОД донирал и порано.На средбата со дитекторката, Тасевски рече дека договориле и друг проект кој ќе го обзнанат кога ќе ги договорат деталите околу реализацијата, а за да се подобри тешката состојба во која се наоѓаат училиштата која е наследена, сите имаа обврска да помагаат.
Директорката на ОУ “Св. Климент Охридски“, Гордана Анастасова, за донацијата рече:-Донацијата е многу значајна за училиштето, бидејќи претходно имале укажувања дека мора да имаат влезни врати во дворот за поголема безбедност на учениците, а исто така и за поголема безбедност на училиштето. ФОД ни излезе во пресрет на нашето барање, а реализацијата ќе значи многу за безбесноста на учениците, но и за родителите кои ќе бидат поспокојни додека децата се на училиште и во училишниот двор.
Инаку, како додаде Анастасова училиштето е подготвено за новата учебна година имаат нова дограма, завршени се сите интерни средувања на училниците, а ова година ќе имаат 995 ученици од 1 до 9 одделение. Оваа година ќе запишат 104 првачиња, што е за 4о помалку од лани.
С.Р.