Press "Enter" to skip to content

Леа Бошевска – државен првак во кик бокс: претстојното светско првенство во Италија нов предизвик за мене

Повод за нашиот разговор е нејзино учество и заминување на Светско првенство во кик бокс кое ќе се одржува во Јесоло – Венеција, Италија од 15 до 23 септември.  Младата талентирана Леа Бошевска со свои 15 години е државен првак во кик бокс –“kickligh“, и стипендист на т.н „Спортска надеж“ под Агенција на млади и спорт и  ќе се натпреварува на светско првенство во кок бокс во категоријата на кик бокс лајт.

Леа изгледа многу нежно, со елегантни движења на млада дама. Но  има храброст и енергија која е многу потребна во боречките дисциплини. Со неа поразговаравме за повеќе теми и таа многу скромно одговараше за сите досегашни успеси кои ги има направено во овој  спорт со  низа медали  и  успеси кои ја доведоа да учествува на претстојното светско првенство во кик бокс во Италија. Но најпрво за нејзините почетоци.Кажи ни  кога започна да тренираш ваков спорт?

-Уште од најмала возраст на свои 4,5 години со моите родители кои и двајцата активно се занимаваат со спорт и се успешни спортисти. Прво тренирав карате по стапките на мојата мајка која имаше многу успеси во овој вид спорт и ми беше поттик, двигател и мотиватор за се. Таа секогаш ме бодри и поддржуваи  во секаква смисла. Тука пред се е психолошката подготвеност покрај физичката. Понекогаш ми се случуваше да изгубам верба во себе, но таа ме поддржува и насочува во тешките  напорни тренизи, за да издржам и не се откажувам. Бидејќи знаете  напорни тренинзи  често бараат многу други откажувања.  Потоа започнав да тренирам  кок бокс и учествував на  многу турнири во кои се нижеа успеси, признанија и медали. Морам да кажам дека успесите ме поттикнаа да тренирам повеќе и да се определам за оваа боречка дисциплина.

Како државен првак на Р. Македонија во кикбокс-лајт се пласира на светско светското првенство во Италија кажи ни повеќе околу тоа?

-Победата на државно ниво придонесе да се пласирам на ова Светското првенство кое ќе се одржува на 15 септември во Венеција Италија. Јас ќе настапувам за репрезентацијата за кик бокс на Р. Македонија која е  под Федерацијата на Македонија под водство на Дејан Митревски –Урко. Морам да кажам дека имам голема поддршка од Агенцијата за млади и спорт и Општина Битола кои се мои подржувачи за заминување на ова светско првенство.

Кажи ни како се подготвуваше за првенството и со каков интензитет?

-Тренирам редовно, но во последните 3 месеци тоа беа напорни интензивни тренинзи кои се одвиваа секој ден по два пати од по час и пол. Во нив 3 пати неделно кардио вежби во теретана и тука би се заблагодарила на подршката на “О2 Universal“ каде беа овие мои подготовки. Потоа 3 пати неделно трчање во парк. Другите тренинзи беа борби и спаринзи во Самурај –месна заедница “Кочо Десано“ се разбира бод будното око на моите родители кои како што кажав и двајцата активно спортуваат и всушност се мои тренери и ментори во секаква смисла на збор. Морам да кажам дека некако пред нив чувствувам и многу голема одговорност, а некогаш и оптварување за да постигнам резултат бидејќи максимално се вложуваат во моето спортување како во тренирање така и финансиски. Но, се разбира јас така се чувствувам бидејќи тие ме воспитуваат и насочуваат да прифаќам и успеси, но и неуспеси кои се составен дел на спортот. Особено тука би ја нагласила позитивната енергија која ми ја дава мојата мајка Гордана која ми дава голем поттик да се соочам со себе и кога нема да освојам медал. Не знам што би правела без нејзините совети.Кажи како го поминуваш своето слободно време кое заради тренинзите сигурно е поинакво?

-Како што кажав ова лето ми беше многу напорно, но сепак со добро организирање се постигнува но се разбира станувам порано и си легнувам порано. Инаку како и сите мои врсници во слободно време поминувам со мојот мобилен телефон, потоа излегувања со моите пријаљтели, слушам музика. Сакам да се дотерувам. Но исто и ова лето уживаав во пливање, сончање на плажите во Охрид.

Кажи ни кои се твои  идни планови?

-Најпрво тука е моето образование, односно почетокот на учебната година.  Ученичка сум во гимназијата „Јосип Броз Тито“ и сега ќе започнам во I година и нестрплива сум да ги  запознаам новите соученици и мои идни професори. Ова е еден нов почеток.  Се разбира заради летото опуштена сум од учење и малку ќе ми биде тешко да се почне веднаш со обврските. Потоа во текот на септември ми претстои првенството и потоа повторно понатамошнио тренинзи и предизвици.

Оваа храбра млада дама ме воодушеви со целото свое однесување низ разговорот. Нејзиното зрело размислување, чувството на одговорност, скромност и храброст заедно. Разговорот ни протече низ   и некоја посебна смиреност. И посакуваме успех на претстојното светско првенство. Сигурна сум дека заради најзиниот посебен карактер и претстојат многу успеси понатаму за кои ќе пишува Bitola news.

Ж.Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »