Press "Enter" to skip to content

Работилница на отворено: “Училишните тротоари се за деца, а не за возила“ (фотогалерија)

-Секоја грешка има своја цена, но грешките во сообраќајот можат да чинат и детски живот!. Крајно време е, сите ние да превземеме дел од одговорноста и да дадеме личен придонес кон поголема безбедност на децата во сообраќајот е денешната порака од работилниците кои се одржаа во основните училипта и градинките.

Кампањата “Недела на безбедност во сообраќајот“ во организација на  Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола, продолжи во денешниот ден кога беше организирана работилницата “Училишните тротоари се за деца, а не за возила“ која се реализира во ОУ “Гоце Делчев“ во Битола. -Преку работилницата „УЧИЛИШНИТЕ ТРОТОАРИ СЕ ЗА ДЕЦА, А НЕ ЗА ВОЗИЛА“ која ја започнавме денес а ќе трае до Петок во сите општински основни училишта, целиме кон навремено едуцирање и информирање на учениците и нивните родители/старатели, за тоа како најбезбедно да го поминат патот од домот до училиштето. Но, испративме и специјална порака до возачите на моторни возила посебно на оние возачи кои непрописно се паркираат на тротоарите покрај училиштата за ризикот и опасноста која ја предизвикуваат, рече претседателот на општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола, д-р Јасмина Буневска Талевска.

Пораката беше дистрибуирана  директно и беа поделени голем број на едукативни флаери за деца, родители/старатели и возачи и дополнително голем број на хенгери со “Одличен 5“, за родители кои користат детско седиште и безбедносен појас, за возачи кои во близина на училиште внимателно избираат каде го паркираат возилото, за возачи кои во близина на училиште се движат со прилагодена-намалена брзина и фокусирано застануваат на пешаки премин и ги пропуштаат учениците.-“Недоволен 1 добија сите возила паркирани на тротоар или на пешачки премин кои со својата сообраќајна НЕКУЛТУРА ги насочуваат учениците кон улицата и коловозот и со тоа директно им ја загрозуваат нивната безбедност. Соодветно реагираше и службата на ЈП Комуналец Битола, додаде д-р Јасмина Буневска Талевска.

Златно правило за секое дете во сообраќајот е: гледај, види, биди виден !

Со денешната теренска работилница ги опфативме ОУ “Гоце Делчев“, ОУ “Коле Канински“ и Детската Градинка „Естреја Овадија Мара“.Во текот на утрешниот ден покрај со нова активност ќе продолжиме со веќе започнатите активности и во другите училишта и тоа:

-Брендирање на возилото на ПП Паркинзи

-Акцент на  непрописно паркирани возила на потегот: Епинал-Библиотека-Стара болница-Солунска-Водовод

-Делење на грепки на возачите на непрописно паркираните возила (поставување на возилата)

Вработените на ПП Паркинзи да ја продолжат активноста преку цел ден.