Press "Enter" to skip to content

Битолчанката Розита Васкоска со светска награда за наука во Мелбурн, Автралија

Од ден на ден од разни страни на светот пристигнуваат вести за битолчани кои се докажале во својата струка и за тоа добиле високи признанија и награди. Последна вест, која докажува дека од Битола и во Битола има способни млади луѓе, е веста за нашата сограѓанка Розита Васкоска, која неколку години живее и работи во Мелбурн, Австралија.

Васковска која е од пред три години е докторант на Универзитетот во Мелбурн, Австралија деновиве ја доби првата награда на интернационалниот конгрес за месо и технолигии за преработка,  ICOMST и со тоа уште еднаш се докажа во светот на науката.

На овој светски конгрес Васкоска го презентираше својот научен труд, а во конкуренција на 17 презентери, таа беше прогласена-номинирана за  најдобар млад научник.

-Ме радува тоа дека мојот научен труд кој го подготвував подолго време успешно го презентирав на голем светски конгрес за месо и технологии за преработка на месо ICOMST во Мелбурн,  уште повеќе што ја добив наградата за млад научник. Сето ова ми дава мотив да продолжам во научно-истражувачката работа и во иднина, ни рече Розита Васкоска, по вибер комуникација.Инаку, Розита Васкоска е битолчанка, а своето образование го започнала во ОУ “Даме Груев“ во Битола. Потоа продолжува во средното медицинско училиште во Битола,  а дипломира на на Биотехничкиот факултет во Битола, како најдобат студент на генерацијата.

Таа на 25 годишна возраст ја напушта Битола, а од нејзиниот дом на улицата “Прилепска“ по дипломирњето, најпрво заминува како стипенсист за Холандија, каде дозавршува исто така како најдобар студент на генерацијата, на еден од најеминентините факултети за природни науки во Европа, Wageningen university.

Сега своето образование го заокружува во Мелбурн, Австралија каде веќе три години ги посетува докроските студии на Melbourne university Australia.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.