Press "Enter" to skip to content

Петтиот ден од кампањата: Битола на точак на која возеше и градоначалничката, нови вело-паркинзи, изложба, вело-рута (фотогалерија)

Вчерашниот петти ден од кампањата “Недела за безбедност на патиштата“ која е во организација на  Општински Совет за безбедност на Сообраќајот на патиштата Битола имаше многу активности во кои покрај членовите на Советот беа вклучени и голем број на граѓани и волентери. Петтиот ден беше насловен „ДЕН СО ВЕЛОСИПЕД“,  и се одржаа си акцијата „Битола на точак“, во Магазата пру НУ Музеј Битола, подготвивме и отворивме изложба „ВЕЛО-ФОТОГРАФИИ“ авторство на „Битола на точак“, а ја презентиравме и мапата „ПРЕДЛОГ ВЕЛОСИПЕДСКИ РУТИ (примарна мрежа)“, а се поставија и вело паркинзи.-Критичната маса број 52 се возење и овој четврток а на неа учествуваа голем број на битолчани кои користат велосипед, а им се приклучи и Градоначалничката м-р Наташа Петровска со која  ја извозивме целата рута„Магнолија-мост пред Безитен, Бул1-ви Мај, кружен тек Педагошка, ул.В.Карангелевски, кружен тек кај Веро кон Партизанска-Музеј и со пешачење по Широк Сокак до Магнолија. Рутата беше обезбедена од СВР Битола и потпомогната од Црвен Крст Битола, рече по завршувањето на успешниот ден  д-р Јасмина Буневска Талевска, Претседателка на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот Битола и додаде:-Сакам да изразам голема благодарност до градоначалничката м-р Наташа Петровска, за нејзиното присуството денес, но и за поддршката на кампањата од самиот почеток. Остваривме отворена и корисна дискусија во поглед и на велосипедскиот сообраќај и на останатите сообраќајни проблеми во градот. За нас, ова е показател дека локалната самоуправа има слух и желба за темелно и систематско решавање на сообраќајните проблеми во Битола.Кога со школски речник, зборуваме за карактеристиките на велосипедската инфраструктура велиме треба да биде: КОХЕРЕНТНА, БЕЗБЕДНА (со минимум бариери, конфликти и минимум на интеракција со другите сообраќајни групи), ДИРЕКТНА (минимални заобиколувања), АТРАКТИВНА (означена и осветлена), КОМФОРНА (ПРИЈАТНА за возење со рамна и мазна површина. Европските искуства и истражувањата во рамките на проектот CIVITAS FLOW – European Union’s Horizon 2020, покажуваат дека подобрувањета на велосипедската инфраструктура овозможува 45% помалку возила и побрз јавен транспорт.-Затоа и денес го поставивме прашањето, па зошто не и во Битола, ако на пример Љубљана со 270000жители има околу 150 километри велосипедски рути или „зелениот град“Фрајбурф кој со 220000жители и 30000студенти има 420километри велосипедска инфраструктура и околу 30% од патувањата се реализираат со велосипед. Битола е еден од оние градови, чија големина, поволна топографска поставеност и временски услови на годишно ниво, се одлична можност за добра велосипедска инфраструктура. Слаба страна се тесните геометриски профили на уличната мрежа и потребата да се одземе простор од моторниот сообраќај или пак пешачкиот и тоа што долго време велосипедот се занемарува при планирањето на инфраструктурата во градот, како и свеста и традицијата за користење, изјави д-р Јасмина Талевска и нагласи дека е потребно сеопфатно планирање на велосипедската мрежа со прилагодување на постоечката инфраструктура и проектирање на нова.Петтиот ден од Кампањата посветен на ВЕЛОСИПЕДСКИОТ СООБРАЌАЈ, беше збогатен со промоција на трите велосипедски паркиралишта кај Јавор, АТ Пазар и Офицерски Дом (локации одобрени од оделението за комунални дејности и уредување на градежно земјиште при Општина Битола).