Денот на независноста 8. Септември денес беше одбележан со полагање на свежо цвеќе на споменикот на револуционерната борба на македонскиот народ на плоштадот “Гоце Делчев“.Во име на градоначалникот на Битола, цвеќе положи заменикот Емилија Костурска, а во име на советот на Општина Битола, делегацијата ја предводеше претседателот Валентин Груевски.
И политичките партии се вклучија во одбележувањето на Денот на независноста, 8. Септември. Делегацијата на СДСМ од Битола ја предводеше Александар Цуцуловски, а од ОК на ВМРО-ДПМНЕ претседателот, Иванчо Тошевски.
Претседателот на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски со делегација положи цвеќе на споменикот.

Со полагање на цвеќе на Споменикот на револуцијата одбележан 8. Септември (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- До пристапност со универзален дизајн: МОБИЛНОСТ Битола со дефиле на Широк Сокак и промоција на Прирачник за пристапен туризам
- Денес 32. седница на Советот на Општина Битола, на дневен ред 46 точки, за кофинансирање, програми, вработувања, извештаи,
- Во Битола сончево со мала локална облачност, температурата до 25 степени
- Васко Мамучевски апсолутен победник на “Паљо Класик Опен“, Мери Акиевска победник во женска конкуренција во Битола (мегафотогалерија)
- Марија Додовска, 10 години “М ЕВЕНТ“: се сеќавам на почетоците… возбуда, трема, пеперутки во стомакот (фотогалерија)