Press "Enter" to skip to content

Коалицијата “Заедно за европска Македонија“ вечерва одржа собир на “Магнолија“ (фотогалерија)

Вечерва на плоштадот “Магнолија“  граѓански собир одржа коалицијата „Заедно за европска Македонија“ предводена од Социјалемократскиот сојуз на Македонија.Премиерот на Владата на РМ, Зоран Заев  рече дека Македонија со договорот го заштитува нашиот идентитет и за придобивките кои ќе ги имаат со членството во Европската унија и НАТО, а за престојниот референдум рече дека ветиле и дека конечниот збор ќе го имаат граѓаните, а тоа еве го остваруваме.-На 30. септември Битола и сите ние ќе кажеме големо ЗА за ЕУ и НАТО, порача Заев од Битола и додаде дека во иднина нашите деца ќе ги се заблагодарат за оваа одлука, а ние ќе можеме да им погледнеме во очи.Заев уште еднаш го повика Мицкоски да се приклучат кон нивната кампања “ЗА“ ЕУ и НАТО.На граѓанскиот собир насловен како “Излези за европска Македонија“ на присутните им се обрати градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која на неколку пати ги цитираше Мисирков, а повторно стави акцент и на пазарџиите и производите кои ги раѓа плодната Македонија и дека потребен ни е пазар кој нема да биде само во Битола, туку дека пазарџиите по пазарните денови ќе продолжат на пазарите во Албанија и Грција, како што некогаш било.Таа ги повика битолчани отвореноста на Битола да ја докажат на 30. септември, а прашањето за народноста нема да не врати назад туку ќе ни ја покаже иднината. и битолчани да го одберат патот кон иднината.Емотивно обраќање имаше режисерката Софија Ристевска која рече дека на културата и е местото во Европската унија и дека сака членство во ЕУ за да може рамноправно да се натпреварува со културите од другите земји.На собирот во Битола, беа присутни пратениците Александар Кирацовски и Горан Милевски, советниците во Советот, како и голем број на партиски функционери од Битола, предводени од претседателот на ОО на СДСМ – Битола, Методија Тасевски.Битолчани пред започнувањето на собирот ги забавуваа Дани, Бени Шаќири и Ориѓански.