Press "Enter" to skip to content

Заврши “Недела на безведноста во сообраќајот“, но безбедноста мора да продолжи (фото)

Со многу активности и со анимирање на голем број на учесници во сообраќајот, пешаци, возачи, таксисти, велосипедисти… заврши кампањата  “Недела на безведноста во сообраќајот“, но сите посакуваат безбедноста да не заврши, туку истите мерки да продолжат и во наредниот период. Општински Совет за безбедност на Сообраќајот на патиштата Битола одлично ја спроведе кампањата и таа беше прифатена од голем број битолчани.Еден од најзначајните настани беше тркалезната маса која се одржа во Техничкиот факултет во Битола, една од институциите кои во целост ја поддржаа иницијативата „ГО САКАМ ГРАДОТ БЕЗБЕДЕН“.

На дискусијата се разви отворена дискусија во насока на донесување на квалитетни и конкретни ПРЕПОРАКИ за Советот на општина Битола, за превземање на мерки со кои ќе се постигне решавање на дел од сообраќајните проблеми и подобрување на сообраќајната слика во градот.

На средбата присуствуваа: професори-експерти во различни области на сообраќајно-транспортното инженерство и Деканот на Технички факултет Битола, претставници од Град Скопје кои безрезервно ги споделат со нас искуствата од имплементацијата на одредени сообраќајни решенија во Град Скопје,  претставници на Републичкиот и Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, претставници од СВР Битола, претставници од Општина Битола, претставници од Комисиите при Советот на Општина Битола, претставници од Јавните Претпријатија во Битола, Комуналец и Нискоградба,  претставник на Битола на точак и претставник на Регионалното географско друштво “ГЕОСФЕРА“ – Битола.-Добивме исклучително конкретни и јасни ПРЕДЛОЗИ, кои следува да ги преточиме во ПРЕПОРАКИ за одредени предлог мерки, така да откако ќе ги сублимираме сите Заклучоци од реализацијата на Кампањата ќе ги предадеме на понатамошно процесуирање и координација до ресорните Комисии при Советот на Општина Битола, вели д-р Јасмина Буневска Талевска, Претседателка на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола.

Општински Совет за безбедност на Сообраќајот на патиштата Битола  ПРОДОЛЖУВАЊЕ на слични кампањи, иницијативи и дебати се до доближување до поставената цел: „БИТОЛА СООБРАЌАЈНО-КУЛТУРЕН ГРАД, СО БЕЗБЕДНИ УЛИЦИ И ТРОТОАРИ, ЗАШТИТЕНИ ПЕШАЦИ, ВЕЛОСИПЕДИСТИ, ТАКСИ И ЈГП ПРЕВОЗНИЦИ И ГРАЃАНИ КОИ ГИ ПОЧИТУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ“.

И последниот ден на кампањата имаше неколку активности со возачите на автобуси, таксистите…-Стимулативните мерки и субвенциите се покажале како корисна алатка во процесот на подобрување на состојбите, па затоа Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата сака во оваа прилика да се заблагодари на SN Осигурителен Брокер АД Битола, затоа што не сослушаа и во соработка со Осигурителната компанија „ЕВРОИНС“ Скопје ја поддржаа и ја помогнаа Кампањата и доделија ВАУЧЕРИ со попуст за каско осигурување за оние TAXI возила и возила на Јавниот автобуски превоз кои ги исполнуваат потребните услови согласно планираниот КОДЕКС – изјави д-р Јасмина Буневска Талевска, Претседателка на ОСБСПБитола.

Имено, евидентно е дека во Битола, ТАКСИ превозот на патници НЕ Е унифициран ! А треба да биде, и тоа и според изгледот – бојата на возилата, и според униформата – бојата на облеката на возачите на такси возилата, а пред се според квалитетот на услугата (технички исправни и чисти возила).  Овие услови се одредени со акт на Советот на општината, но, во добар % не се почитуваат. Постапивме и обратно и ги слушнавме и проблемите и барањата и на ТАКСИ превозниците и во следните акции ќе постапиме и според нивните барања, НО ИМ УКАЖАВМЕ И НА НИВНИТЕ ОБВРСКИ!Претседателката на ОСБСП Битола, упати благодарност и до ЈП Комуналец Битола, што ја поддржа Кампањата во целост и помогна да се исчистат дел од автобуските стојалишта во  градот од сите рекламни и останати материјали со пораката „ЈАС НЕ СУМ ОГЛАСНА ТАБЛА“!Екипите на ЈП “Нискоградба“во поддршка на Кампањата под слоганот „ГО САКАМ ГРАДОТ БЕЗБЕДЕН“. Впрочем, со денешната рехабилитација на пешачкиот премин пред влезот на Клиничка болница Битола на ул. “Партизанска“, ја завршуваме оваа теренска активност.

Сакам од името на Републички и Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ДА ГИ ЗАМОЛАМ ГРАЃАНИТЕ ДА НИ ИЗВИНАТ ЗАТОА ШТО ВО ИНТЕРЕС НА АГЕНДАТА НА КАМПАЊАТА ЕКИПИТЕ НА ЈП НИСКОГРАДБА МОРАА ДА ГИ ИЗВЕДУВААТ ТЕРЕНСКИТЕ ЗАФАТИ ВО ТЕРМИНИ КОГА СООБРАЌАЈОТ Е ДОСТА ФРЕКФЕНТЕН, порача д-р Јасмина Талевска од ОСБСП.

More from ВестиMore posts in Вести »