ЖФК Тетово – ЖФК Топ Гол 4:5
Овој викенд се одигра 3 коло од ПМФЛ-жени екипата на ЖФК Топ гол и гостуваше на екипата на ЖФК Тетово, а натпреварот се одигра на фудбалскиот терен на АМС во Спортскиот центар во Тетово.
Битолчанки со конечен резултат од 5:4 остварија нова победа. Стрелци за Топ гол беа Теа Јанковска со два погодоци и Ивана Ристевска постигна хет-трик.
-Им честитам на моите фудбалерки за оваа победа но пред се за крајно борбената и фер игра што ја прикажаа за време на целиот натпревар. Во крајно возбудлив и неизвесен натпревар ја остваривме втората по ред победа во досегашниот дел од првенството и за нас ова е момент на силна самодоверба и мотив. Што се однесува до натпреварот постигнавме 5 гола, на полувреме губевме со резултат од 3:2 и на крајот успеваме да го свртиме резултатот во наша корист. Головите ги примивме по наша голмаска грешка но упорноста и борбеноста на крај се исплатија, изјави Кире Грбевски, тренерот на Топ гол.
За Топ гол настапија: Колевска, Крбалевска, Миленкова, Т. Јанковска (к), Талевска, Петровска, Николовска, Гоцевска, Теа Јанковска, Ристевска, Стоjчевска. Уште играа Размовска и Стојановска.
Минатото коло екипата на Топ гол Битола на домашен терен ја декласире екипата на Борец со резултат од 9:0.
Идното коло, битолчанки го пречекуваат дебитантот во лигата, екипата на Плачковица, каде шансите за победа за домаќинот се огромни.