Во кугланата на кугларкиот клуб Хераклеја старуваше проектот “Кугламе и сме среќни“, а на првиот ден тајните на куглањето започнаа на ги учат 36 ученици од две основни училишта, кои со беа заедно со своите наставници по физичко образование.
Со нив работеа тренерите Игор Михајловски и Цане Поповски, а како велат за нив е голем ден за куглањето во Битола.-Започнуваме со проектот „Кугламе и сме среќни“. Активностите ќе траат до Нова година и сите ученици од 9-то одделение од Општините Битола, Могила и Новаци ќе можат да пробаат да куглаат бесплатно, а селектираните 100 кои ќе бидат најдобри, покрај тоа што ќе им биде апсолутно бесплатно ќе ги уживаат бенефициите од нашите партнери и пријатели, велат од КК Хераклеја.
Стручни консултанти во „Кугламе и сме среќни“, ќе бидат Димитар Димитровски од Скопје, еден од најдобрите македонски куглари во историјата на македонското куглање, државен првак уште од најмали нозе во сите возрасни категории и репрезентативец и Јован Карецки, директор на кугларскиот клуб „Црвена ѕвезда“ – Белград, а неговото драгоценото искуство ќе помогни во трансферот на знаења и вештини кон новите кугларчиња.Инаку, проектот овозможува бесплатно да започнат да куглаат 400 ученици кои во учебната 2018/19 година запишале 9-то одделение во основните училишта од трите Општини под надзор и тренерска работа на искусни кугларски тренери од Битола.
Сите активности на учениците, вклучувајќи ги тренинзите, обуките, турнирите, гостување во Скопје ќе бидат во целост покриени од страна на ЗГ „Нови перцепции“.