Битолската млекарница “БиМилк“ ги заврши градежните работи и ги постави справите за рекреирање и со тоа ја комплетира “Balans+“ фит-зоната, која се наоѓа на Тумбекафе.Рано утрово кога ја посетивме оваа “Balans+“ фит-зона немаше немаше битолчани кои вежбаа и се рекреираа, но како ни рече еден сограѓанин, вчера во попладневните часови било преполно од рекреативци кои вежбале на справите, а присутни биле и членови на некој младински спортски клуб.
“Balans+“ фит-зоната е направена по сите стандарди за поставување на ваков тип на рекреативни зони, а рекреативците можат да ги изведуваат на справите сите потребни вежби за рекреативно занимавање со спорт, а самото тоа што со пешачење ќе дојдат во врвот на Тумбекафе ги изведуваат и кардио-вежбите.
Ова е одличен пример како да заживее Тумбекафе, а да се надеваме дека овој пример, кој битолчани, кои ги сретнавме таму, го поздравија нема да биде осамен, туку ќе го следат и други.
Јавното претријатие “Комуналец“ ги обнови и десетината клупи кои се наоѓаат околу “Balans+“ фит-зоната.
Но, останува прашањето, дали ние ова сето ќе го зачуваме онака како што е сега, или пак “Balans+“ фит-зоната, ќе биде нападната од вандали.
Инаку, пред изведно време на Совет на Општина Битола, беше изгласано да се прифати донацијата на битолската млакарница “БиМилк“.
С.Р.