Press "Enter" to skip to content

По жребањето во ФФМ, Пелистер против Беласица во осминафиналето на Купот

Екипата на Пелистер ќе биде домаќин на екипата на Беласица во осминафиналето од македонскиот фудбалски куп, која ќе се одигра на стадионот под Тумбекафе, идната среда, 19 септември.

Пелистер во ова најмасовно фудбалско натпреварување минатата сезона беше финалист, а минатата сезона за Купот во првото коло ја елиминираа екипата на Беласица во првото коло.

Реваншот е закажан за 10 октомври.

Останати двојки во осминафиналето од Купот:

Шкендија – Кит Го

Вардар – Македонија Ѓорче Петров

Тиквеш – Работнички

Гостивар – Победа

Скопје – Силекс

Брегалница – Академија Пандев

Кораби – слободен

 

 

More from СпортMore posts in Спорт »