Press "Enter" to skip to content

Силјан Мицевски го отвори симпозиумот “100 години од пробивот на Солунскиот фронт…“ (фотогалерија)

Во организација на Националниот совет на Србите во Македонија и Заедницата на Србите во Македонија, а во чест на одбележувањето на 1оо годишнината од пробивот на Солунскиот фронт, денес во малата сала на Центарот за култура во Битола, започна конференцијата за Србите во регионот и во Србија-перспективи и Симпозиум 100 години од пробојот на Солунскиот фронт, која трае со 17 септември (недела).Симозиумот за отворен го прогласи, почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, Силјан Мицевски, кој на сите учесници им посака плодна работа во наредните три дена.Претходно беше прочитана телеграмата од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој го поздрвави овој симпозиум во Битола.Во име на српската заедница во Македонија, присутните ги поздрави и претеникот во македонскиот парламент, Иван Стоиљковиќ.На свеченото отворање беа промовирани две книги “Србија во големата војна 1914-1918“ и “Врските меѓу Република Македонија и Република Србија низ вековите и денес“.Втората книга “Врските меѓу Република Македонија и Република Србија низ вековите и денес“, фактички е зборник на трудовите од меѓународната научна конференција одржана на 19 и 29 мај 2017 година во Битола, а е во издание на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија со седиште во Битола и е печатена на два јазика.Свечената комеморација во чест на херојските дела на оние кои го загубија животот во Првата светска војна ќе се одржи утре на Српските војнички гробишта во Битола, а ќе зборува Миодраг Линта, пратеник во парламентот на Србија и претседател на парламентарниот одбор за соработка со српската дијаспора.В недела ќе се положи цвеќе во црквата која се наоѓа на врвот Кајмакчалан, во чест на сите загинати во безумната војна.Инаку, денес по свеченото отворање на Симпозиумот, работниот дел на Конферемцијата и Семинарот ќе започне вечерва во ресторанот “Корзо“, а ќе продолжи утре во 9 часот со две сесии. Конференцијата и Семинарот завршуваат в недела попладне со пленарната седница.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »