Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник фаворит, Пелистер посакува победа, а публиката добар ракомет

Стартот за битолските ракометни екипи Пелистер и Еурофарм Работник и нивниот двобој во првото коло беше одложен поради технички проблеми и со тоа за трите дена исчекување само се подгреа ракометната атмосфера во Битола.

Двете екипи влегуваат во ова градско дерби со посакување на победа, а сепак и во таборот на Пелистер, како што рече спортскиот директор на Пелистер, Златко Димитровски на вчерашната прес-конференција Еурофарм Работник е фаворот, но и тој како играч победувал со тимот поквалитетни екипи, па зошто не би се случило тоа и денес.

Тренерот на Пелистер, Томче Петрески, во пресрет на стартот и градското дерби посакува победа, а за самиот натпревар вели:-Ракометарите немаат одиграно ракометна средба од турнирот во Битола, тренираа силно пред стартот и се желни за ракомет. Сите во екипата со нетрпение го чекаме дербито со Еурофарм Работник, а сите влегуваме со желба, победа во градското дерби. Имаме двајца повредени десни бекови и не знам колку можеме да сметаме на нив, но ние се подготвуваме и без нив. Денес ќе видам каква е состојбата со нив и ќе видам дали некој ќе бидат во тимот. Очекувам поддршка од трибините, бидејќи дерби натпреварите се добиваат кога било најпотребно со помош на осмиот играч, публиката. 

Од таборот на Еурофарм Работник исто така го очекуваат дербито со Пелистер. Стефан Дрогришки има одиграно повеќе градски дерби натпревари, а за денешното вели:-За овај натпревар се подготвуваме  уште од стартот на подготовките, а самиот епитет градско дерби, за нас е дополнителна обврска и дополнителна мотивација. Пелистер претрпи големи играчки промени иво однос на претхофната сезона и не ги знаеме ракометарите кои денес ќе настапат, меѓутоа сметам дека добро се подготвени за нас и се работи за сериозна екипа која знае што сака. Се надевам дека битолската публика уште еднаш ке ја исполни салата до последно место и ке биде сведок на уште едно интересно градско дерби, а на крај победата да биде за нас, што многу ќе значи на стартот на сезоната.

Градското дерби започнува во редовниот ракометен термин во Битола, 18,30 часот. Влезниците ќе се продаваат на касата пред почетокот на натпреварот, а битолчани можат да купат и сезонски влезници по цена од 500 денари.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »