Пелистер – Беласица 0:2 (0:1)
Градски стадион “Тумбе кафе“. Гледачи: 200
Главен судија: Јован Качески (Струга)
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Лазе Чакарески (Струга)
Стрелци: Сулев во 18. минута и Милушев во 74. минута за Белсица
Пелистер: Атанасовски, Исмаили, Илиевски; Наумоски, Бошковски (од 46 м. Трајковски), Неданоски, Јовановски, Анѓелевски (од 61 м. Главевски), Калевски, Најдовски, Крклински (од 64 м. Колески)
Беласица: Пашовски, Ташев, Милушев, Сулев, Ѓорѓиев (од 65 м. Ивановски), Тодоров, Вујчиќ (од 60 м. Стојков), Митевски, Калпачки, Дробаров, Серафимовски.
Прволигашот Беласица славеше во Битола со 0:2, полувреме 0:1 и се наоѓа многу блиску до четвртфиналето на Купот. Во 18. минута по центрашутот на Милушев, од втор план се приклучи Сулев и ја закова топката во небранетата мрежа за водство од 0-1. На 16 минути до крајот гостите одлично создадоа вишок по левата страна, Милушев изби пред Атанасовски, прецизно биеше во горниот агол и зголеми на 0:2.
В сабота Пелистер гостува против Тетекс во рамките на 6. коло на Втората лига – Запад.