По повод патронот на храмот “Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, се одржа концерт на византиско црковно пеење, кој се одржува во нашиот град по прв пат.
За концертот, верниците кои ги имаше во голем број зборуваше владиката Петар.На концертот кој се одржа ден пред големиот верски празник “Рождество на Пресвета Богородица“ настапија повеќе црковни хорови: византискиот хор „Св. Ахил Преспански“ од Ресен, византискиот хор “Св. Нектариј Битолски“ од Битола, Ансамбл „Пелагонитиса“ при црковниот хор „Света Петка“ од Прилеп, византискиот хор „Св. Роман Слаткопевец“ од Струмица и византиски хор „Калистрат Зогравски“ од Струга.
Свој настап имаше и женскиот црковен хор “Св. Макрина“ од Битола под диригентската палка на Мери Чекуткова кој го негува источно – црковното пеење.Сите верниците кои беа во храмот искажаа задоволство од концертот, ја поздравија идејата за него и рекоа деке би било добро ова да премине во традиција.