Press "Enter" to skip to content

Спортски викенд: двете ракометни екипи победија, фудбалерите со нов пораз

Викендов во спортската сала “Боро Чурлевски“ во рамките на машката Супер лига настапоија двете битолски екипи, Пелистер во саботата и Еурофарм Работник вчера вечер, и како се очекуваше забележаа поведи.

Екипата на Пелистер ја победи екипата на Пролет со 32:30, полувреме 17:14, и по попазот во првото коло ја забележаа и првата победа. Иако стартот беше во знак на гостите, 4:6, сепак “пелистерци“ во 25 минута имаа +4, (14:10), а на одмор отидоа со 17:14. Вториот дел помина на почетокот со истата резултатска предност 3-4 гола, а во 48 минута Пелистер имаше највисока предност од +6, а иако разликата се намалуваше во финишот сепак победата не беше доведена во прашање.  Најефикасни поединци во тимот на Пелистер беа Кобетиќ со 10 и Поповиќ со 8 погодоци.

Во синоќешната суперлигашка средба Еурофарм Работник, како фаворит, Фаворитот постигна  очекувана победа против екипата на Радовиш.35:27 (15:15).Почетокот на натпреварот и целото полувреме помина во изедначен резултат, а гостите имаа и предност. На одмор заминаа со реми, 15:15, а вистинската сила ракометарите “фармацевтите“  ја покажаа во првите минути од второто полувреме со серија 6:1, а на десетина минути пред крајот беше +8 за Еурофарм Работник, за брз многу нервоза да ја забележат втората победа по ред. Најефикaсни стрелци во Еурофарм Работник беа Ојлески со 7 и Џукиќ, Ивановиќ и Горан Кузманоски со по 6 гола. 

По две кола Еурофарм Работник е на првата позиција со 6 бода од две победи, а екипата на Пелистер е во делот на табелата каде екипите имаат по една победа.

За разлика од ракометарите на двете битолски екипи, фудбалерите на Пелистер и по 5 кола не можат да се пофалат со победа на второлигашките натпревари. Иако љубителите на фудбалот се надеваа дека од Тетово фудбалерите ќе се вратат со победа, тоа не се случи, тие се поразени 1:2, полувреме 1:1. Пелистер, преку Благојле Главевски го отвори резултатот 1:0 во 30 минута, пред завршувањето на првото полувреме домашните фудбалери израмнија. Во судиското надополнување, во 91 минута, Тетекс постигна втор гол за нивна прва победа. По 5 кола екипата на Пелистер е последна на табелата, без победи и само со две нерешени натпревари кои му донесоа само 2 бода.

More from СпортMore posts in Спорт »