Денеска во хотелот “Епинал“ во Битола, делегацијата на Европската Унија во Македонија организира работилница на која зборуваше Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија.Слогано под кој се одржуваше работилницата беше “ЕУ за тебе“ – ЗАМИСЛИ ИДНИНА ЗАЕДНО.
На оваа средба учествуваат голем број на битолчани, од невладините организации, женските организации, од локалната самоуправа, спортските клубови, јавните претријатија, образованието, високото образование и други…
Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка на Делегацијата на Европската Унија, и неговите колеги од Делегацијата ги претставија можностите за финансирање што ги нуди ЕУ и начините како да се користат.
Присуството на експертот за можностите за финансирање што ги нуди ЕУ, присутните го искористија да се информираат за начините на кој можат да се користат средствата од ЕУ, но поставија и голем број на прашања кои не им беа сосема јасни.
Работилниците се одржаа во повеќе општини, а во Битола се одржа последната од нив.

Работилница за финансиската поддршка што ЕУ ја овозможува (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Нискоградба“ Битола: санација на канализационата мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“ Битола
- Марјан Илиевски се повлече, нов тренер на КК Пелистер Битола, Дарко Радуловиќ нов тренер
- Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
- “Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
- Хуманитарен концерт за Оливер Богоевски