Press "Enter" to skip to content

Промовирана првата илустрирана енциклопедија “Јас сум мал научник геолог“ (фотогалерија)

Во НУУБ „СВ. Климент Охридски“ со презентација, квиз на знаење и екперименти на интересен начин се промовираше  првата илустрирана енциклопедија „Јас сум мал научник геолог“ на авторката Весна Божиловиќ.Дали знаеме што се троглобити?, Дали сме размислувале дека карпите не се еднаш засекогаш дадени во природата, туку се мрнуваат, Колку е тешка земјата? Колку е стара? Како настанале дијамантите…? Ова се само некои од одговорите кои ќе ги најдете во првата детска илустрирана енциклопедија „ЈАС СУМ МАЛ НАУЧНИК ГЕОЛОГ“.Така ја започна својата презентација  Весна Божиловиќ пред присутните на настанот кој се одржа во просториите на НУУБ “Св. Климент Охридски“ Битола. Присутните  ученици кои  беа  вклучени во проект со наставниците Нела Неделковска, Соња Јанкуловска, Силвана Ристевска и Анета Печипајковаска од ОУ “Св. Климент Охридски“ и “Даме Груев“  учествуваа во квиз на знаење, истражуваа, експериментираа и при тоа   истовремено учеа и се забавуваа и на крај победија на квизот.  На овој интересен начин  се  промовираше  енциклопедијата која ја издаде продукција “Божиловиќ“.Директорот на НУУБ „СВ. Климент Охридски“ Бојан Стефановски се обрати  со зборовите дека гледајќи ги љубопитните ученици му се вратиле убавите спомени од своите ученички денови кои ги поминал во ОУ “Даме Груев“. Присуството на  голем број ученици покажува дека тие  сакаат да истражуваат, експериментираат и учат за геологијата.  Библиотеката ќе им подари од енциклопедијата “Јас сум мал научник геолог“ на основните училишта за да ги збогати нивните училишни библиотеки за да можат да ја користат и во наставата“.За значењето на истата, нејзината вредност и како одлично ќе се вклопи во редовната настава  на промоцијата зборуваа Анета Печипајковска од ОУ “Даме Груев“ и Благој Кочевски од ОУ “Гоце Делчев“.Околу идејата за издавањето на енциклопедијата Весна Божиловиќ ни кажа:-Споредувајќи ги училишните проекти кај нас со училиштата од другите држави, дојдовме до заклучок дека многу се обрнува внимание на геологијата, основните поимиод истата… Германскиот минералог Paul Ramdo во една прилика рекол „многу лесно можеме да му се насмееме на 8 годишнно дете ако не прави разлика меѓу овца и коза, а на образован интелектуалец нема да му биде срам ако не знае да разликува кварц од фелдспат, кои се дури 75 % составен елемент на земјата.-На наше големо задоволство, идејата, целта и нашата намера ја разбраа од Адора инзенеринг фирма која ја раководи дипломиран геолог, со задоволство прифати да биде покровител, со цел да им подариме на децата материјал за геологијата. Продукција „Божиловиќ“ како автор одлучи енциклопедијата да ја подари на библиотеката и основните училишта во Битола.-Познатиот американски колумнист Едвард Постер за учењето рекол дека може да биде и забавно, а ние денес тоа се обидовме да го потврдиме, децата се забавуваа низ квиз и во исто време учеа. Заедно правевме фосили од глина и вештачки вулкан, истакна Фатма Бајрам Аземовска, која на најоригинален го опиша настанот во НУУБ “Св. Климент Охридски“ Битола.

Ж.Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »