Општинските „А“ и “Б“ фудбалски лиги кои ги организира општинскиот фудбалски сојуз влегуваат во фаза кога веќе можат да се препознаат и фаворитите за висок пласман. Комесарот за организирање на лигите, Златко Ралевски, вели:
-Сите напревари се одвиваат според распоредот кој е утврден во ОФС и досега нема никакви проблеми околу организацијата на општинските “А“ и “Б“ лиги, како и Третата фудбалска лига која исто така ја организира ОФС Битола.
Во Третата фудбалска лига екипите кои се регистирани во ОФС Битола во последното коло ги постигнаа следните резултати:
Кравари – Црнобуки 0:1
Влазними – Новаци 2:1
Во општинската “А“ лига се одигра шестото коло и се постигнати следните резултати:
Поешево – Победа 1:3
Чагор – Лисолај 0:3
Пелагонија – Стрела Спорт 1:3
Буково – Космос Спорт 3:2
Партизан – Доск 2:2
Светлост – Олдбојс 1:0
Кск Крклино -Новаци 3:1
Карамани – Црна Река 4:2
Во општинската “Б“ лига по одиграни три кола во водство на табелата со максимални три победи од три натпревари се три екипи битолската Јени Маале и екипите на Горно Оризари и Мусинци. Во 3. коло постиганти се следните резултати:
Напредок – Јени Маале 1:2
Младост (ГО) – Младост (Д) 2:1
Пелагонија (Т) – Еленик Спорт 0:1
Пелагонија (Д) – Пелагонија БК 3:0
Хајдук – Пелистер ТМ 3:2