Press "Enter" to skip to content

Дарко Крстески нов тренер на ФК Пелистер

Од денес и официјално нов тренер на Пелистере е прилепчанецот Дарко Крстески, кој денес во 15 часот го одработи и првиот тренинг со фудбалерите на Пелистер.

По преземањето на тренерската позиција, Крстески рече:

-Свесен сум за проблемите кои ги има Пелистер во овој момент, а почнуваме не од нула, туку и подолу од тоа. Но, нема многу зборување, туку веднаш почнуваме со сериозна работа. Имаме денес и утре тренинзи, а веќе в среда играме куп против екипата на Беласица, каде влегуваме на гостувањето со негатива. Тренинзите и куп натпреварот ќе ги искористам за да ги запознаат фудбалерите целосно, да пробаме некои тактички варијанти, а потоа да се посветиме на натпреварите кои ќе бидат за бодови од Втората фудбалска лига – запад.Инаку, Крстески како фудбалер го носеше дресот на Победа од Прилеп, Црвена Звезда од Белград, Сутјеска, Борац од Чачак, настапувал и за екипата на Флоријана од Малта.

На Крстески ќе му помага Димче Ристевски, кој по се изгледа нема повеќе да игра во тимот, туку ќе се посвети на новиот тренерски предизвик.

Дарко Крстески како нов тренер на ФК Пелистер доаѓа по оставката на Томче Трајановски.

More from СпортMore posts in Спорт »