Press "Enter" to skip to content

Супер ракометна лига: Еурофарм Работник 3 од 3 победи, за Пелистер втор пораз

Пролет – Еурофарм 22:26 (9:13)

Бутел – Пелистер 29:26 (15:13)

Ракометарите на Еурофарм Работник за првпат победаја на гостување кај Пролет и со тоа ја забележаа трета победа по ред во Суперлигата, каде славеа со 22-26, полувреме 9:13. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Гоце Ојлевски со шест голови, а Милан Ѓукиќ постигна пет, додека  и голманот Чаневски имаше свој ден.

Ракометарите на Пелистер по втор пат се поразени во Супер лигата, а во третото коло од екипата на Бутел на гостувањето во Скопје. Домашните водеа во поголемиот дел од натпреварот и заслужено се радуваа победувајќи со 29:26, полувреме 15:13. Кај Пелистер   Маџовски постигна  седум гола и Перовиќ и Поповиќ со по шест.

По три кола екипата на Еурофарм Работник е лидер на табелата со 9 бода, а Пелистер е на 8. место со 3 бода.

More from СпортMore posts in Спорт »