Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Ристо Чурино одржа семинар на “Sultan Qaboos University“ во државата Оман

По одличните спортски резултати кои ги имаше нашиот сограѓанин Ристо Чурино на неколку екстремни натпреварувања и професионалните борби, тој доби покана да одржи и одржа семинар за студнетите на пресрижниот омански “Sultan Qaboos University“.

За оваа несекојдневна покана да зборува и практично да им покаже на студентите тој вели:-Ми беше чест да бидам поканет на универзитетот “Sultan Qaboos University“ да одржам семинар на кој го споделив моето знаење преку самоодбрана, боречки вештини, фитнес и придобивките од практицирање на овие спортови . Сакам и да искажам огромна благодарност до професорот Фајаз Ахмед, неговиот тим и исто така и на мојата ученичка Стела Мекдоналд за нивната поддршка.

За целта на семинарот во “Sultan Qaboos University“, Чурино додава дека била  едноставна, да се инспирира што е можно повеќе луѓе да ги прифатат промените на животниот стил преку сите фитнес и спортски напори, а се надева дека во тоа успеа и дека наскоро некој од студентите и професорите ќе присуствуваат на неговите тренизни.

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »
More from СпортMore posts in Спорт »