Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: зависност од фејсбук (краток тест)

Подготвил: Жанета Ристевска – псохолог

Фејсбук е создаден заради комуникација меѓу студентите на Универзитетот  на Харвард во 2004 година,  а тоа го направил   Марк Цукенберг. Но, тој не само што го постигнал вмрежување и комуникацвија  на студентите на Харварскоит универзитет туку и цела планета  ја „натерал“ секојдневно да се состанува и комуницира на оваа мрежа. Незгодна ситуација се јавува кога тој „виртуелен свет“ на фејсбук е многу попримамлив и поубав од реалнота и реалниот живот трпи последици.

Често родителите сметаат дека децата им безбедни додека се во својата соба со компјутерот и заштитени од правите пороци не знаејќи дека нивните деца се подложни  развијат друга зависност. Имено, со децении главни пороци беа алкохол, цигари, лесни дроги,  но со развојот на технологијата постои можност за развивање на други зависности,.

За некои досега пишуваваме како интернет зависност (зависност од игри на компјутер , ФБ. социјални мрежи, зависност од мобилен телефон) и за сите пишувавме кои се симптомите во зависност од возраст.

Интернет зависноста за која се пишуваше   всушност може да биде зависност од Фејсбук  и социјални мрежи кои се користат и се популарни. Проверувањето на статусот може да создаде и посилна зависност  и од зависноста од цигари и алкохол.

Зависноста не може да се препознае лесно и да не можеме да знаеме кога сме ја преминала границата. Јасен показател е занемарување на навики, обврски и контакти со други луѓе  но претераната употреба на технологијата влијае да бидеме посклони  кон анксиозност, депресија и други психолошки пореметувања.

Одвикнувањето е посебна терапија кој е различна од други одвикнување зависности бидејќи корисникот се одвикнува постепено и не целосно да не користи технологија оденосно компјутер туку постепено да го користи компјутерот за креативност и повторно  да се врати во нормала.

Се поставува прашањето: на кој нначин се јавува зависност од Facebook?

Како се чувствувате кога некој ви лајкува фотографија или статус? Среќно? Таа е последица на активност во мозокот на центарот за наградување.

Истражувањеа покажале дека врз основа ваквите реакции на мозокот може да се предвиди колку време ќе вложите во социјалните мрежи. Имено, едно од најголемите задоволства  во животот е општествена  афирмација  која сигурно и се добива и на социјалните мрежи.

Зголемената активност за социјални мрежи може да биде првиот чекор на „зависност“ од лајкови за некои луѓе. Чувството на среќа што се добива кога добиваме повеќе лајкови.

Да објасниме ФБ е еден забавен, пријатен и преубавв „свет“. Луѓето вообичаено  ги прикажуваат само убавите страни во својот живот и сите тие сакаа да ви бидат пријатели. Значи општествено сте прифатени и сакани. Таа  е многу заводлива помисла особено ако во приватниот живот во реалниот свет „не ви оди од рака“.

Психотерапеутот Пола Пајл истакнува „Неконтролираната употреба се претвора во компулзија која води во оттуѓување од реалниот свет и бегање во ФБ реалност. Како може да знаете дека вашата употрееба на ФБ се претвора во компулзија.

1. Сонот е пореметен

Останувате будни затоа што сте на ФБ, па потоа утредента сте исцврпени и не можете да ги исполнувате  работните обврски. Не би требало да се занемарувате себесио заради ФБ.

2. Поминувате од еден час време дневно. Др. Пајл кажува дека тешко е точно да се одреди колку време се поминува за да се зборува за зависност. 

3. Ги игнорирате работните обврски заради ФБ

Ако не ги исполнувате своите обврски на работа и други обврски околу домот и сл. зарди поминување време на ФБ тогаш може да го искомпликувате својот живот и да западнете во неволји.

4. Станувате опседнати со бивши љубови

Пронаоѓање на старите пријатели со кои и не сте контактирале со  години е еден од главните  адути на ФБ и обично не е ништо лошо во нивно додавање. Тука може да спаѓаат и бивши љубови. Но постпи можност сето тоа да излезе од контрола. Постојат случаи кога зарди сати и сати поминати на ФБ се рзбира оние кои имале проблеми или се чувствувале осамени во бракот тоа довело и до развод.

5. Помислата дека го оставате ФБ ве облева ладна пот.

Не можете да си замислите како ќе помините ден без ФБ.

Еве еден брз тест – пробајте да издржите еден ден без ФБ и ако ви предизвика многу стрес и анксиозност тогаш треба деа превземете нешто. Зависноста на ФБ и другите социјални мрежи веќе ги исполнува критериумите за нов облик на адикција (зависност) со елементи на компулзивност се мисли на „неодолива потреба  на „пациент “ да ги проверува знаењата на ФБ.

Како можете да знаете дека вашата употреба на ФБ се претвора во компулзија

ТЕСТ на зависност

Прв психометриски инструмент за идентификување и мерење на бихејвиорална зависност од најпопуларните социјална мрежа т.н. „Бергенска скала“ погодна е за куќна употреба и се состои од 6 тврдења.

  1. Многу време поминувам мислејќи на ФБ или планирајќи што ќе правам на ФБ.
  2. Чувствувам потреба се повеќе да користам ФБ.
  3. Користам ФБ за да ги нзадоволам личните проблеми.
  4. Користам ФБ во мерка која негативно се одразува на моите обврски.
  5. Се вознемирувам и чувствувам лошо доколку не сум во можност да користам ФБ.
  6. Безуспешно се обидував да го намалам користењето на ФБ.

Одговори од следни опции.

  1. Многу ретко
  2. Ретко
  3. Понекогаш
  4. Често
  5. Многу често

Доколку најмалку од 4-6 понудени поврзете со „често“ или „многу често“ спртема Бергеровата скалазависни сте од омилените социјални мрежи.

Други знаци за тоа дали сте навлечени на ФБ се :

-Доколку чувствувате вознемиреност дека не можете да се логувате на ФБ.

– Лошо влијание нха вашите работно обврски

– Го занемарувате приватниот живот.

Меѓутоа постојат неколку начини со помош на кои  можете да се одвикнувате од користењето на ФБ и други социјални мрежи.

-Еден од најдобрите начини за престанување и користење на социјалните мрежи е водење на дневник за пратење колку дневно користите ФБ.

 -После тоа кога утврдувате колку дневно поминувате во користењето и си поставувате лимит во кое време ќе користите ФБ.

Држете ги смартфонот, лаптопот  или компјутерот подалеку од себе за да не бидете во искушение.

-Ако сте во кафуле, ресторан, и сл. со пријљатели исклучете го телефонот или оставете го настрана за да не го гледате дали има нотифукации и повици.

-За време на спиење исклучете го смартфонот и оставете го во другата соба.

Водете сметка за вестите кои ви се појавуваат на news feed. Би требало да бидете внимателни со информации кои му ги праќаме на нашиот мозок . Ова можеме да го решиме со филтрирање на вести.

-Ограничпете го времето на користење на мобилниот телефон

– Исклучете го после 6 часа

– Секој ден може да го зголемувате времето.

-Правете други активности кои ве исполнуваат.

Зависноста од ФБ може да предизвика депресија

Норвешки научници утврдиле дека користењето на ФБ за дс е заборават сопствените проблеми може да предоизвика делимична зависност. Тие исто ѕакла наведуват дека постојаното пратење на она што другите го прават на ФБ може да доведе до депресивност. Понекогаш не може да се определи дали оние кои покажуваат знаци на депресивност многу повеќе стануваат зависни бидејќи таквите личности многу повеќе се склони кон интернтет зависност во сексква смисла.Или пак постојаното пратење на она што други прават, постираат доведува дсо чувство на љубомора и повлеченост. Високите критериуми за физичкиот изглед исто така можат да го зголемат непријатни чувства за тоа како изгледаме на сликите кои ги ппостираме и постојаната „трка “ по лајкови. Сето тоа се надоврзува на нашето мислење за општествена зфирмација и ако нер ги постигнеме стандартдите може даљ влијае на нашерто расположение и повлекуваљње . Значи користењето на споцијалните мрежи во голема мера има влијание на психичката состојаба на човекот.Зарди тоа добро е да имаме контрола како ја користиме.

Сигурно е дека Фејсбукот има многу корисни страни н а поврзување со личности кои се далеку и создавање на нови. Но, не смееме да го запоставиме вистинскиѕтге реални пријателства и подобро е да излезема на кафе со пријателите и разговараме „Очи во Очи“ и видиме вистинска насмевка а не пражање на стикери  и комуникација на ФБ.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.