Многу објекти низ Битола, посебно во централното градско подрачје или на Широк Сокак имаат преубави фасади кои се посебни уметнички дела.
Сите овие објекти се мета на фото-апаратите и секојдневно ги фотографираат туристите кои доаѓаат во Битола, хроничарите, младите кои таму прават популарнно “селфи“.
Но, и надвор од тие “популарни локации“ имаа објекти кои пленат со својата убавина, а еден од нив е поранешниот хотел “Солун“, кој исто така има преубава фасада со голем број на украси.
Но, за жал, поради некои причини тој објект го доживеа тоа што го доживеаја најголем број на старите објекти кои не се наоѓаат на Широк сокак и на кој државата на сопствениците им ги реновира фасадите, битолчани и нивните гостите не можат да ја видат нивната вистинска убавина.