Press "Enter" to skip to content

Маја Андоновска-Илиевски-директор на Центарот за култура: 38 години успешна работа ќе одбележиме со многу настани

По повод одбележување на 38 годишнината од започнување со работа на центарот за култура во Битола, директорката Маја Андоновска-Илиевски ја презентираше програмата, односно се што ќе се случува во наредната седмица во која и ќе се одбележува годишнината,

-Главниот настан на кој ќе се одбележи годишнината од започнувањето со работа на Центарот за култура, поранешниот Дом за култура, ќе биде големиот есенски концерт на ансамблот “Танец“ кој ќе се одржи на 10 октомври, на денот кога пред 38 години, на 10 октомври 1980 година, свечено е отворен Центарот, во предвечерието на денот на востанието 11 октомври, вели директорката Маја Андоновска-Илиевски, која додава:

-Наредната седмица, почнувајќи од понеделник, од 8 до 14 октомври е особено значајна за нас, бидејќи покрај 38 годишната успешна работа на НУ Центар за култура Битола, одбележуваме и 5 годишната успешна работа на 3Д Кино Битола. Прв настан ќе биде на 9 октомври, изложбата на „Ателје Солак“, а ова е нивна прва изложба на која ќе биде претставен мал приказ на дејноста на ателјето. Во соработка со РЕК “Битола“ се изработија 10 нови паноа за изложби, со кои Центарот за култура ќе може во иднина да организира и по две изложби паралелно.

-На 11 октомври обележуваме на 5 годишнината на 3Д Кино Битола, кое официјално започна со работа на 24 октомври 2013 година, а по тој повод цените на билетите на тој ден ќе бидат намалени на 100 денари, а ќе се прикажат три филмови во 18:00 ч. детски филм, комедија во 20:00 ч. и научна фантастика во 22:00 часот. Публиката ќе гледа филмови со новите 3Д наочари „Долби“ кои се направено од високо квалитетни материјали, што ќе има значително влијание на подобрувањето на квалитетот на 3Д проекциите во нашето кино, Маја  Андоновска-Илиевски и напоменува дека Центарот за култура Битола е дел од мрежата на Еuropa Cinemas.

Цената на влезниците за ревијата на европскиот филм ќе биде промотивна од 100 денари, а во периодот од 13 до 17 октомври ќе биде реализирана Ревија на европски филмови во мала сала, со слободен влез. На годинашната ревија ќе бидат прикажани филмови од Италија, Швајцарија, Германија, Холандија и други земји. Овој проект се реализира во соработка со  Асоцијација на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија АФПМ, и  е поддржан во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на Р.М.

-Одбележувањето на годишнината ќе продолжи на 11 октомври во малата сала, во 19:30 ч. ќе биде одржана перформанс промоција на книгата „Лидија, или се што знам за жените“ на Тихомир Јанчовски . Промотор на книгата ќе биде Иван Додовски. Наредниот ден ќе има уште една промоција на книгата „Мало фолио за театар“од авторот проф. д-р Иван Додовски, а промотори на книгата ќе бидат Владимир Милчин и Иван Јерчиќ.

More from КултураMore posts in Култура »