Пелистер – Борец 36:23 (13:12)
Ракометарите на Пелистер по поразот од екипата на Бутел се вратија со победа во Супер лигата во рамките на 4. коло. Тие на свој терен убедливо ја победија подмладената екипа на Борец од Велес, со резултат 36:23, полувреме 13:12.Првото полувреме помина во игра која на двете страна имаше грешки, а ракометарите на Пелистер по одличното отворање на натпреварот 4:1, како да подзастанаа, а тоа беше и поради слабиот противник, кој не даваше голем отпор. По 6:4, се дојде до 8:5 за домашните и до 10:6 во во дваесетата минута. Во 28 минута беше 11:11 по грешките на “пелистерци“ а на одмор се отиде со резултат 13:12.
Второто полувреме започна серија на Пелистер за да во 35 минута биде 17:13, а во 40 минута разликата да биде +7 за Пелистер (22:15). На десетина минути пред крајот беше +11 за Пелистер, 30:19, на крај разликата беше 13 гола (36:23).Екипата по оставката на Петрески ја водеше Атанасовски, а на клупата беше и спортскиот директор Димитровски.
Пелистер по 4. кола е на средината на табелата со две победи и шест бода.