Press "Enter" to skip to content

Кадетките на Пелистер Волеј победнички на одбојкарскиот турнир во Прилеп

Феникс – Пелистер Волеј 0:2 (25:21 и 25:12) финале

По повод државниот празник 11. Октомври во Прилеп се одржа одбојкарски турнир кој го организираше ОК Феникс и на кој настапија пет одбојкарски кадетски екипи.

Екипата на Пелистер Волеј-кадетки е победник на турнирот откако во финалето ја победија екипата на домаќинот Феникс со максимални 2:0, по сетови 25:21 и 25:12.

Претходно во полуфиналето битолските одбојкарки ја совладаа Синалко од Крушево исто така со максимални 2:0.

-Турнир кој одлично ни дојде во завршницата од подготвките за финална проверка на квалитетот на кадетките и за дополнителни тактички подготовки, односно поставување на играта на тактички план. Подготвени сме за предизвиците кои ни престојат и се надевам, а тоа го потврди и овој турнир дека имаме добра екипа и ќе бидеме во врвот оваа сезона која е на прагот, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.

Покрај  Пелистер Волеј од Битола,  Феникс од Прилеп и Синалко од Крушево, на турнирот играа и екипите на Антигона од Неготино и Габер од Кавадарци.

More from СпортMore posts in Спорт »