Press "Enter" to skip to content

Нови тротоари на две фреквентни улици (фото)

На влезот во Битола на улицата “8. Септември“ и на булеварот “1 Мај“, се работи на поставување на нови тротоари. Се очекува во текот на наредните денови да се направат овие два тротоари, лоцирани на фреквентни локации низ градот.-Во рамките на инфраструктурните активности, на улицата “8 Септември“ се уредува тротоарот, а паралелно со оваа локација се уредува и тротоарот на булевар „1 Мај“, под музичкото училиште. Двете локации имаат опфат од 600 метри, каде што со директни средства од Општина Битола од над еден милион денари се уредуваат тротоарите на двете улици. Покрај овие активности, во полн ек се и останатите градежни работи кои што се во тек. До крајот на оваа градежна сезона, се очекува сите зафати да бидат затворени. Во зависност од тоа како понатаму ќе се одвиваат временските услови, така ќе се движиме и со
градежните зафати, рече градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, при денешниот увид во градежните работи на тротоарите на улицата “8. Сепрември“.Во следните денови ќе има уредување и на одредени патишта и улици во руралните средини со поставување на гребен асфалт, со што ќе се подобри инфраструктурата на територијата на цела општина.