Press "Enter" to skip to content

Реконструкцијата на обиколницата ќе заврши пред рокот

Градежните екипи со својата механизација со полна пареа работат на магистралниот пат Прилеп-Ресен, на потегот на обиколницата над Битола. Во поголемиот дел на оваа делница поставен е нов асфалт.

Комплетната реконтрукција на обиколницата над Битола ќе чини околу 1,5 милиони евра, а се очекува градежните работи да бидат завршени и пред предвидениот рок од осум месеци.