Press "Enter" to skip to content

“Танец“ за среќен роденден на Центарот и честит празник на битолчани (фотогалерија)

Во чест на роденденот,  кога пред 38 години беше свечено отворен Центарот за култура во Битола (Домот на културата), вечерва се одржа есенскиот концерт на ансамблот “Танец“.Со овој концерт, како рече директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска – Илиевски, се одбележуваат два датуми значајни за оваа институција, 38 години од отворањето на Центарот и роденденот на 3Д киното.-Останува и во иднина Центарот за култура да биде средиште на културните збиднувања во Битола, а нам на вработените во оваа културна институција, најголем подарок ни е кога гледаме полни сала публика, како вечерва, нагласи Маја Андоновска – Илиевски, која потоа го најави есенскиот концерт на ансамблот “Танец“.Присутната публика, која го наполни гледалиштето, имаше прилика да види и слушни одличен концерт на “Танец“ во кој настапија фолклорниот ансамбл, инструменталната група и вокалните интерпретатори.Со овој концерт членовите на “Танец“ им го честитаа 38. годишниот роденден на вработените на Центарот за култура, а на битолчани им го честитаа утрешниот државен празник на народното востание, 11 Октомври.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »