Press "Enter" to skip to content

За 38 излози на дуќани во старата битолска чаршија по 100 илјади денари

На 38 дуќани во Старата битолска чаршија ќе им бидат уредени излозите во рамките на роектот “Ревитализација на излозите старата чаршија“, а за секој дуќан ќе бидат доделени по 100 илјади денари.

Со проектот платичните и металните излози ќе бидат заменети со својот првична изглед да не изгубат од автентичноста. Натписите над дуќаните ќе бидат унифицирани на дрвена платформа, а тендите ќе бодат слични само со различна боја.

Договорите со претставниците на општините беа потпишани со министерот за економија Крешник Бектеши, а покрај Битола, се доделени средства и за Чаир, Центар и Охрид.

Целта на проектот за уредување на излозите во старите чаршии низ државата е враќање на автентичниот изглед на чаршиите, а воедно и нејзино разубавување и привлекување на што поголем број на посетители и туристи, а вкупниот буџет е 16,5 милиони денари.

Општина Битола имат рок од 1 година за имплементација на споменатите активности, а дуќанџиите немаат никаква обврска да партиципираат нивни средства, односно сите средства се обезбедени од страна на Министерството за економија, како и дозволите од надлежните институции одговорни за чаршиите, како што се Министерство за култура и конзерваторските центри.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.