Екипата на кошаркарскиот клуб Пелистер од вчера е засилена со нов кошаркар кој доаѓа од Америка, Гејб Билер.
Неговата промоција ќе биде утре на гостувањето на Пелистер во Скопје, против екипата на Работнички, а Билер деновите ги поминал тестовите и пробите во клубот.
Билер ќе биде втор странец во Пелистер – Американец, а од тестираните четворица кошаркари засилувања од Америка во клубот сега има двајца кои му се на располагање на тренерот Предраг Созовски.
Вчера вечер ангажирањето на Гејб Билер официјално го потврди и претседателот на КК Пелистер, Сашко Наумов, а со трансферот се пофали и агенцијата на Билер, SIMS Basketball Placement Agency, која на својата веб страна напиша: Gabe Bealer signs with Pelister (Macedonia).