Press "Enter" to skip to content

Победа на ракометарите на Пелистер на гостувањето во Скопје

Вардар Јуниор – Пелистер 30:34 (19:16)

Ракометарите на Пелистер под водство на Атанасовски, а со помош на Димитровски,  ја забележаа и втората по ред победа во Супер лигата. По победата над Борец дома, сега во гости ја победија екипата на Вардар Јуниор, со резултат 34:30.

До петтата минута домаќините водеа со 3:0, а со иста разлика  беше и во средината на полувремето 7:4. Во 20 минута беше 11:10 за Вардар Јуниор, а потоа следуваше и првото “реми“ 11:11. По 13:11 за домашните, Пелистер дојде до 15:14, а по многу голови, на одмор се отиде со 19:16, со голот кој ги примија “пелистерци“ со звукот на сирената.

На почетокот на второто полувреме домашните дојдоа до +4 (21:17), а првото израмнување , 25.25, Пелистер го имаше во 43 минута. Потоа следуваа одлучувачките шест гола во серија за 25:31 за Пелистер, во 55 мунута, а домашните ракометари 12 минути не постигнаа гол, за во 56 да намалат на 27:31. До крајот на натпреварот ракометрите на Пелистер ја одржуваа разликата и славеа победа, 30:34. 

Во редовите на Пелистер најпрецизен беше Черубин Табанге  со осум гола.

Екипата на Еурофарм Работник утре гостува во Велес на екипата на Борец.

More from СпортMore posts in Спорт »