Бутел – Еурофарм Работник 18:23 (9:14)
Спортска сала: „Антон Димитров“- Скопје. Гледачи: 500.
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски (Скопје)
Бутел: Панченко 1, Блажески, Трајковски, Василевски 1, Мајиќ 6, Лазаровски, Андовски, Младеновски, Стојановски, Георгиевски 1, Димовски 2, Спасовски, Мојсоски 2, Николов 1, Жегарац 1, Печенковски
Седмерци: 4/3, исклучувања: 10 минути
Еурофaрм Работник: Чаневски, Трајкоски, Граџан 2, Ѓукиќ 6, Кузманоски 3, Петровски 1, Ивановиќ, Ојлески 3, Марковски 3, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Мемиќ, Кузмановски 4, Кукоски 1, Дрогришки
Седмерци: 3/3, исклучувања: 8 минути
И по пет одиграни кола екипата на Еурофарм Раборник е непоразена, а и единтвена екипа со максимален број на бодови, победи 5 од 5.
На гостувањето во Скопје, домашната екипа Бутел немаше сили за изненадување, а битолчани со добра игра во текот на 60 минути стигна до лесна победа над новајлијата во лигата од 18:23.
“Бутелци“ добро се држеа на самиот почеток, но во продолжението Еурофарм заигра далеку поквалитетно и со головите на Петровски и Кузманоски стигна до +5 гола (6:11). Потоа се беше во знак на Еурофарм Работник, а само на 10 минути домашните ракометари успеаја да намалат на три гола 17:20.
Најефикасни во тимот на Еурофарм беа Ѓукиќ со шест и Кузмановски со четири гола.