НУ Завод и музеј- Битола во рамките на партнерскиот проект “Допир на Уметноста”(Touching Art ) поддржан од Културно наследство без граници од БиХ, преку Фондација Ставрос Ниархос, презентираше тактилни копии на предмети во Музејот на Зеница во БиХ. За потребите на проектот беа изработени тактилни копии од двата музеи.Во рамките на овој проект беа организирани и голем број на посети на културно наследство, работилници со посетители со попречености, слабовиди и слепи лица, во кои беа вкључени стручни лица дефектолози, уметници, едукатори. Учесниците во работилниците беа присутни и во процесот на изработка на копиите.
НУ Завод и музеј во рамките на проектот набави масички и столчиња за работилници.
Доближувањето на културното наследство и музејската поставка до лицата со попреченост институцијата го продолжува и оваа есен за кога се планирани повеќе активности, работилници, проекти, презентации и меѓународна соработка.

Гостување на Н.У. Завод и музеј Битола во Музејот на Зеница “Допир на Уметноста” ( Touching Art )
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Нискоградба“ Битола: санација на канализационата мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“ Битола
- Марјан Илиевски се повлече, нов тренер на КК Пелистер Битола, Дарко Радуловиќ нов тренер
- Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
- “Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
- Хуманитарен концерт за Оливер Богоевски