Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Во библиотеката предавање на тема “Квантна медицина“

Многу луѓе ја знаат добро познатата дефиниција за здравје предложена од СЗО, која гласи: ,,Здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци“.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, ВТ Диет клубот и   Нинџицу клуб – Битола се промотори за здравјето, здравата исхрана и здравиот животен стил во Битола и пошироко.

Одлучивме нашето прво предавање да биде на темата: ,,Квантна медицина“.

На предавањето присутните се запознаа со квантната медицина, зошто научниците ја нарекуваат медицина на 22-от век. Исто така, имавме можност да се запознаеме  со најсовремените технологии од доменот на квантната медицина кои можат да помогнат,   да ги дознаеме најситните финеси за нашето  здравје и преку превземање на низа корективни мерки да се заштитиме од болестите на денешницата кои како црна чума го демнат Вашето здравје. Предавањето го одржа основачот на ВТ диет клубот – Таневски Влатко, дипл. лекар натуропат и нутриционистички советник.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *