Press "Enter" to skip to content

Студентите од Правен со најмногу награди на “VII FUTURA Regional Moot Court“ (фото)

Од 12 до 15 октомври, во Битола, во организација на “Civil Rights Defenders“ се одржа “VII FUTURA Regional Moot Court“ за симулации на судски процеси пред Европскиот Суд за човекови права.

Натпреварите се одржуваа во Основниот суд во Битола, а за првото место се бореа 8 Правни факултети од 3 земји од регионот (Битола, Штип, Крагујевац, Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла, Травник).Студентите од клубот “Titus Flavius Orestes“ од Правниот факултет, УКЛО – Битола (апликант: Невена Димовска, Мерита Шахин и Мартин Трајковски; респондент: Наталија Василевска, Никола Ристевски и Ивана Марковска) под менторство на доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Мирјана Ристовска, меѓу 8 правни факултети учесници ги освои следните награди:

1. Најдобар писмен поднесок на апликантот;
2. Најдобар писмен поднесок на респондентот (државата);
3. Прво место во групата Б;
4. Трето место во генералниот пласман по полуфиналните мечеви.-Ваквиот тип натпревари е важен за нашите студенти, бидејќи се запознаваат со Европската Конвенција за заштита на човековите права, механизмот за нивна заштита, како и начинот на работа на Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Ние ќе продолжиме со учеството на вакви натпревари, бидејќи важен ни е добробитот на нашите студенти и нивното знаење, велат од Правниот факултет во Битола.

На свеченото отворање свое обраќање имаа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, претседателот на Основниот суд во Битола, г-дин Дејан Крстанов, како и адвокатот д-р Никола Главинче.