Спортскиот викенд денес во 14,30 ќе го отворат фудбалерите на Пелистер кои ќе играат против екипата на Скопје, а со овој натпревар започнува втората фаза од натпреварите. Ова е важен натпревар за Пелистер, а очекуваат и важна победа со нови бодови кои ќе му бидат потребни на фубалерите понатаму. Поради важноста на натпреварот, новата Управа на Пелистер одлучи да ги отвори вратите на стадионот и влезот да биде слободен.Во 16 часот во невообичаен термир за ракометарите на Пелистер ќе го играат натпреварот против екипата на Радовиш во спортската сала “Боро Чурлевски“. Битолчани кои ќе дојдат во салата ќе го водат дебито на новиот тренер на Пелистер, Јошко Петровиќ, кој како и сите ракометари очекува победа.
И кошаркарите на Пелистер денес ќе играат, а овој пат во третото коло ќе бидат по трет пат гости. Денес гостуваат во Гевгелија, со екипата на Блокотехна. По двата порази на стартот од Фени и Работнички, избраниците на Предраг Созовски, и денес на хартија немаат многу шанси за победа, а домаќините се фаворити.

Спортски викенд, фудбалерите и ракометарите во Битола, кошаркарите во Гевгелија
More from СпортMore posts in Спорт »
- Цветан Кузманоски: Кил има ракометари од светски рамки, верувам дека ќе дадеме максимум
- Урош Борзаш пред утрешниот натпревар со Кил: Кил е секогаш Кил, не беше лесно по двата порази од Вардар
- 38. години од формирањето на навивалката група “Чкембари“, ќе се слави в среда на ракомет, ќе се треси Битола
- Јанта Волеј победник на 11. турнир на Пелистер Волеј, домаќинот второпласиран (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа против Голден Арт