Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер “врзаа“ две победи по ред (фото)

Пелистер – Скопје 1:0 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе“ – Битола.

Гледачи: 200 Главен судија:

Петар Мантев (Неготино)

Асистенти: Илија Гонев и Зоран Ангелов (Неготино)

Стрелец: Главевски во 66. минута за Пелистер

Пелистер: Ристевски, Илиевски, Колевски, Илијовски, Наумоски, Главевски, Коњарски, Бошковски (од 46 м. Исмаили), Момировски (од 85 м. Здравевски), Анѓелески (од 64. Марковски), Неданоски

Скопје: Стевковски, Новески, Личина, Јаневски (од 85 м. Јовановски), Кудијан (од 24 м. Настевски), Димитровски, Алексиќ, Факиќ, Тасески, Дишлиевски (од 7 8м. Џуклески), Димков.Фудбалерите на Пелистер со победат над екипата на Скопје ја зебележаа и втората по ред победа во Втората фудбалска лига запад, а оваа победа е трета во вкупно 10 кола.

 Тие го победија Скопје минимално со 1:0, но според играта сосема заслужено, со голот на Блаагојче Главевски во 66. минута го постигна единствениот гол на натпреварот, а истиот играч ја донесе победата и во минатото коло.“Пелистерци“ имаа прилика за водство во првиот дел, кој заврши 0:0, кога Наумоски ја погоди и пречката, а во завршницата имаа прилика за водство од 2:0.

По 10. коло Пелистер е на 6. место со 11 бодови, а лидер на табелата е екипата на Струга со 20 бода.