Пелистер – Радовиш 40:28 (21:14)
Ракометарите на Пелистер ја победија екипата на Радовиш со убедливи 40:28, полувреме 21:14, во првиот натпревар кој ги играат под водство на новиот тренер Јошко Петковиќ, кој пред неколку дена ја презеде екипата.
Околу 1.000 љубители на ракометот кои дојдоа во неракометниот термин во 16 часот, имаа прилика да гледаат супериорен Пелистер кој не дозволи ниту резултатски да им се доближи противникот. Гостите од Радовиш само во почетокот на натпреварот имаа негатива од -1, а потоа се помина во знак на “пелистерци“, кои на полувреме заминаа со +7 (21:14), а завршија со +12 (40:28).
По убедливата победа тренерот Петковиќ сите ракометари ги внесе во игра со цел што повеќе да се запознае со екипата, а време за запознавање и воигрување ќе има и наредниот викенд кога има пауза поради репрезентативните настапи на македонската селекција од кои првиот е во Битола на 24 октомври.Инаку, во натпреварот против Радовиш најефикасен беше Милан Поповиќ со постигнати 11 голови.