Вечерва во малата сала на Центарот за култура во Битола, по повод 125 годишнината од формирањето на Македонската Револуционерна Организација, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола одржа трибина насловена “Денот на македонската револуционерна борба“.Присутните на трибината ги поздрави и им го честита Денот на македонската револуционерна борба, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Марко Јосифовски.
На трибината зборуваше м-р Ѓорѓи Чекутков, кој зборуваше за идејата за формирање на ВМРО-ДПМНЕ и за сите значакни настани, датуми и револуционери од формирањето пред 125 години, во разните периоди на дејствување на Организацијата, односно за формирањето, делото и значењето на Организацијата.
Денес, претпалдне по повод 125 годишнината од формирањето на Македонската Револуционерна Организација, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола заедно со претседателството на Македонското Патриотско Здружение Дамјан Груев, положи свежо цвеќе пред споменикот на основоположникот на Македонската Револуционерна Организација – Дамјан Груев.

Трибина на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола: 125 години од формирање на МРО (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Нискоградба“ Битола: санација на канализационата мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“ Битола
- Марјан Илиевски се повлече, нов тренер на КК Пелистер Битола, Дарко Радуловиќ нов тренер
- Синоќа изложба и концерт на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
- “Битола вежба“, фитнес, во организација на “Енерџи аеробик клуб“ (фотогалерија)
- Хуманитарен концерт за Оливер Богоевски