Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривични за директор на Високата медицинска школа и двајца вработени во поштата

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Р. (58) од Битoла поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „повреда на правата од работен однос“. На 23.05.2018 година, пријавената, како директор на Високата медицинска школа, постапила спротивно на Законот за работни односи. Со злоупотреба на својата службена положба донела решение за престанок на работниот однос на вработената Е.Р.П., иако одлуката по предметот донесена од Управниот суд се уште не била правосилна, со што на именуваната и ги повредила правата од работен однос. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Г. (52) од село Цапари, битoлско и В.С. (53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“. На 08.09.2018 година првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари. Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта-подружница Битола, на 03.09.2018 година неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани.

More from ВестиMore posts in Вести »