Македонија – Турција 31:27 (17:13)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 4.500.
Судии: Петер Херцег и Петер Суди од Унгарија.
Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора.Македонија: Ристовски (10 одбрани), Томовски (3 одбрани, 1 седмерец.),
Манасков 6, Велковски, Стоилов 4, Лазаров 8, Прибак 3, Талески 4, В. Маркоски,
Н. Маркоски, Кузмановски, Георгеивски 4, Ф. Лазаров, Ојлески, Поповски,
Пешевски 2.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 2 мин.
Турција: Гунај (9 одбрани), Пекташ 5, Ерсин 2, Пеливан 4, Арифоглу, Демирезен 2,
Гектепе, Бичер 6, Гумушок, Налбантоглу 1, Х. Озтурк 4, Атеш, Ероз, Ч. Озтурк,
Челеби, Сарак 2
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.Во првото коло од квалификациите за пласман за Европското првенство во Битола, ракометната репрезентација на Македонија забележа лесна победа над репрезентацијата на Турција, со резултат 31:27, полувреме 17:13.
Македонија започна со најсилен состав, а тимот предводен од капитенот Лазаров за краток период ја направија потребната разлика за мирен прв натпревар во првото коло од квалификациите. Турците и атмосферата во “Боро Чурлевски“ издржаа и стигнаа до 3:3, за потоа Македонија дојде до 6:4, а на средина на полуврмето 10:7. До крајот на полувремето разлика дојде на +4 за Македонија 17:13.Второто полувреме започна одлично за нашиот тим, а Македонија набрзина дојде +8 (23:15), а во продолжението некаде на средината на второто полувреме беше намалена разликата на +4 (24:20). По малата криза во редовите на Македонија на резултат 26:23, се врати победничкиот ритам и во мирен финиш, искуството дојде до израз, се одработи колку што беше потребно и се освоија двата бода.
Селекторот на Македонија по завршувањето рече дека не е задоволен од играта:-Во иднина треба да играме подобро. Победата е слатка, ама правевме многу грешки. Во второто полувреме имавме седум разлика, не ја искористивме шансата да победиме поубедливо. Мора да поправиме работи од мечот, ако сакам да имаме шанса да правиме резултати. Сите добија шанса, ние сме Македонија и ќе се обидеме да бидеме подобри во иднина.
Капитенот Кире Лазаров додаде:
-Ова е нашиот најслаб натпревар во последните десет години. Имавме ноншалантна игра, без респект, без почит еден кон друг и кон битолската публика која дојде во огромен број. На сите кои беа во салата и оние кои останаа надвор сакам како капитен јавно да им се извинам бидејќи заслужија подобро издание од нас.