Press "Enter" to skip to content

Вработен во “Гранит“ пронашол стара граната во “Касарната“

Битола како најбомбардиран град во Првата светска војна, а бил и линија на фронтот на својата територија има илјадници неексполодирани артилериски направи, а скоро при секој поголем градежен зафат се наоѓаат и ден денес такви направи во земјата.

Така и вчера во 13,30 часот во Полициската станица-Битола, од страна на вработен пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување пријавено е  дека истиот ден во 13,30 часот од страна на вработен во ГП„Гранит“ ,при изведување градежни работи во старата касарна во Битола-комплекс Јуриј, била пронајдена стара неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.

Во 13,50 часот од страна на пријавителот гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.